Вината на Македонија претставени во Канада

Bez autora
Nov 21 2012

Македонски вина од винаријата "Далвина" викендов беа претставени на традиционалниот меѓународен вински фестивал "Gourment food & Nine Expo" во Торонто. Промоцијата беше во организација на винската агенција Далвина од Канада. На отварањето на фестивалот присуствуваше генералниот конзул на Република Македонија во Торонто, Драган Ѓурчевски и економскиот промотор, Ирена Георгиевска. Координираниот настап и поддршката од јавниот сектор ќе придонесе за значително зголемување на македонските вина на канадскиот пазар. Целта на овие настани е да се промовира имиџот на Македонија, како земја на виното. Во иднина гледам голем потенцијал на нашите вина за освојување на овој пазар.

Вината на Македонија претставени во КанадаМакедонски вина од винаријата "Далвина" викендов беа претставени на традиционалниот меѓународен вински фестивал "Gourment food & Nine Expo" во Торонто. Промоцијата беше во организација на винската агенција Далвина од Канада.

На отварањето на фестивалот присуствуваше генералниот конзул на Република Македонија во Торонто, Драган Ѓурчевски и економскиот промотор, Ирена Георгиевска.

- Координираниот настап и поддршката од јавниот сектор ќе придонесе за значително зголемување на македонските вина на канадскиот пазар. Целта на овие настани е да се промовира имиџот на Македонија, како земја на виното. Во иднина гледам голем потенцијал на нашите вина за освојување на овој пазар - рече конзулот Ѓурчевски.

Во рамки на винскиот фестивал беше организирана и специјална вечер на која беа презентирани осум вина, меѓу кои се најде и македонското вино Синтезис" на винаријата "Далвина" од Македонија. Пред љубителите на доброто вино во Канада, професионалните познавачи на виното, големите канадски дистрибутери и увозници на вино, вински критичари и оценувачи, ова македонско вино беше презентирано од еден од најпознатите светски сомелиери, Џон Сабо.

Овој реномиран меѓународен настан кој се вбројува во еден од најголемите и најпрестижни на северноамериканскиот континент, секоја година е посетен од повеќе од 40.000 љубители на виното, кои имаат можност да дегустираат повеќе од 1.500 различни вина и други алкохолни пијалаци од производители од целиот свет.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik